Николовски: Ги бараме најдобрите млади луѓе со кои ќе избориме против корупцијата

Љупчо Николовски/ фото: Миа

Ги бараме најдобрите млади, но и искусни луѓе, кои имаат кредибилитет, имаат капацитет, кои ги имаат сите вештини, компетенции, кои се целосно растоварени, кои сакаат заеднички со нас најнеселективно и најодговорно да се зафатиме со работа и да одработиме и да ја вратиме довербата на граѓаните, на младите во институциите и да се избориме против ова зло, изјави вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски во одговор на новинарско прашање за ангажирањето десет нови луѓе во неговиот кабинет.

Тој истакна дека неговиот кабинет во Владата не е парален систем, ниту пак тој води ресор, туку има само координативна улога на институциите и се исклучитечно мал тим од кој граѓаните имаа големи очекувања.

– Овој тим го донесе Планот за борна против корупцијата со 18 системски мерки и политики за кој ќе правиме постојан притисок врз институциите во рамки на роковите да ги имплементираат обврските. Планот за борба против корупцијата е правен на база на сите меѓународни извештаи, пред се Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија од страна на ЕК, извештаите што ги имаме од САД, од „Транапаренси”. За креирање на тој план отворивме широк фронт со невладините организации, регулаторните тела и сите останати, новинарите, медиумите, буквално се што сметавме дека е битно и значајно во оваа битка, бидејќи е генерациска и е историска и неа не можеме сами да ја добиеме, подвлече вицепремиерот Николовски по средбата со градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов.

Николовски додаде дека во тимот се само неколку луѓе и не се Министерство и не е целта да прераснат во Министерство, туку бараат десет луѓе кои се најдобри, кои имаат најдобри резултати и просеци од студирањето и кои имаат серизона желба и порив да направат нешто добро за оваа македонска земја.

– Ветувам дека ќе ги избереме најдобрите и заеднички ќе направиме се во мандатот којшто ни е даден од граѓаните да покажеме сериозни резултати и да ја вратиме довербата, потенцираше Николовски.

На крајот во одгворот на прашањето рече дека битката против корупцијата треба да се води доколку се одработи чесно, одговорно, посветено и така како што се обврзале пред граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот