Николовски: Димова да ги презентира сите информации за случајот со доделување финансиски средства од ЕУ

Љупчо Николовски / Фото: Рики Пејковски - Слободен печат.

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска побара од директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова пред јавноста да ги презентира сите информации за случајот со доделување финансиски средства од Европската унија.

-Од директорката Лидија Димова, се очекува пред јавноста да ги презентира сите информации за случајот, со што ќе се даде шанса да се расчистат сомнежите за злоупотреба. Отворено, со присуство на медиумите, се разбира. Во меѓувреме, Владата и јас како Вицепремиер, очекуваме од надлежните органи во најкус можен рок да спроведат соодветни постапки, да го испитаат случајот и навремено да не информираат за исходот и нивните наоди, односно фазите на постапката, напиша на својот профил на Фејсбук, вицепремиерот Николовски.

Заев: Институциите до детаљ да ја проверат работата на Лидија Димова

Паралелно на тоа, додава тој, доколку се утврди дека постои пропуст кај функционер, врз основа на новиот Етички кодекс ќе биде побарана и политичка одговорност.

-Ја охрабрувам јавноста да реагира, како што реагира и сега. Ова е Влада со јасна заложба за максимална транспарентност. Никаков сомнеж за злоупотреба не смее да се крие, а на државните органи е истите темелно да ги испитаат и да носат чесни одлуки согласно законите, наведува Николовски.

По објави во медиуми за распределба на пари од ЕУ преку Агенцијата и обвинувањата од опозициската партија, директорката Димова за утре најави прес-конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот