Николовски: Чулев се справува најдобро можно, СДСМ очекуваше да тепа луѓе

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во интервју за „360 Степени“ зборуваше за одговорноста за непочитувањето и неспроведувањето на мерките за справување со корона-кризата, одговараше на критиките на адреса на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев од редовите на опозициската партија.

-Ние сме една од малкуте држави во Европа кадешто власта ја обвинува опозицијата. Комисијата за заразни болести изгуби целосен кредибилитет, бараме оставка и да се формира експертска комисија. Во однос на Чулев, мислам дека во рамки на она што е можно, се справува најдобро можно, а ако СДСМ очекуваше дека треба да тепа луѓе или да употребува водени топови на некои собири, тоа нема да го видат од ВМРО-ДПМНЕ, а претпоставувам ќе беа многу среќни да го направеше тоа, бидејќи тогаш ќе го обвинеа за прекумерно полициско насилство. Ама еве, можеби направи грешка, се прашувам, не сугерирам, што пред неколку дена не постапи кога ги видовме носителите на СДСМ без никакво почитување на мерки на големи собири насекаде по државата, можеби требаше да постапи, не сугерирам ништо, само се прашувам- рече Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот