Николовска: Поддршка на 250.000 плати со 70 милиони евра во насока на спасување на работни места

Со ребалансот на буџетот, кој веќе е во собраниска процедура, се обезбедуваат сериозни средства за реализација на четвртиот пакет нa антикризни мерки за поддршка на економијата и граѓаните погодени од коронакризата, истакна Фаница Николовска од СДСМ на денешната прес-конференција.

– Со четвриот пакет мерки, кој претставува континуитет на претходните три, 470 милиони евра ќе се искористат за помош и поддршка на економијата, за спас на работните места и за јакнење на приватната потрошувачка. Со 70 милиони евра ќе се поддржи исплатата на 250.000 плати за последните три месеци од оваа година и ќе се помогнат 83.000 работни места додека 27, 6 милиони евра ќе завршат кај 283.000 граѓани, преку платежни картички по 6.000 денари за купување на домашни производи и услуги, нагласи Николовска.

Со пакетот, како што рече, се обезбедуваат средства и за поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје, наливно вино и вино во шишиња, се обезбедува државна и царинска гаранција за компаниите.

Меѓу мерките од четвртиот пакет и „Викенд без ДДВ“, што се спроведува овој продолжен викенд, во насока на зголемување на приватната потрошувачка, а истовремено треба да обезбеди и повеќе пари за граѓаните и нивните семејни буџети.

– Се намалуваат или укинуваат парафискални давачки, се зголемува грејс периодот кај бескаматните кредити од линијата ковид 1 и дополнително се одложуваа отплатата на кредитите од компаниите, изјави Николовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот