Николов: Треба да собереме сили, многу ќе одлучи мечот против Грузија во Скопје

Бобан Николов беше еден од стрелците во победата над Гибралтар/Фото: instagram.com/FFMacedonia/

Македонија запиша сигурен триумф од 2:0 на гостувањето против Гибралтар во вториот меч од групата на Лига на нации.

Следниот натпревар нашите „рисови“ ќе го имаат на 9 јуни на Националната арена „Тодор Проески“ со почеток од 20.45 часот против Грузија.

Бобан Николов, кој беше стрелен на вториот гол по асистенцијата на Доријан Бабунски, се пожали на лошите услови на теренот.

– Не бараме алиби, но ова е катастрофа. Не знам како дозволуваат да се игра на ваков терен. Да, имавме проблеми со ветерот, со вештачката треба. Ваквите натпревари се најтешки, се виде желбата и навистина покажаа сите момци дека после еден таков меч со Бугарија. Сега немавме многу шанси, но тие што ги имавме ги реализиравме. На крајот резултатот е важен, покажавме една добра, искусна игра. Да постигнеш гол навистина е прекрасно чувството, но за мене не е важно кој го дава голот, ова ми дава само поголема мотивација. Се надевам дека ќе продолжиме во ова темпо, пред нас е многу важен натпревар (против Грузија), кој многу ќе одлучи. Сега треба да собереме сили, на 9 јуни во Скопје очекуваме голема поддршка да се обидеме да стигнеме до победа – изјави Николов на прес конференцијата по мечот со Гибралтар.

Давид Бабунски настапи од 65 минута на стадионот „Викторија“ како замена за Елиф Елмас.

– Не беше лесен овој натпревар со Гибралтар, особено од психички аспект, мислам дека како професионалци имаме одговорност да настапиме на секој натпревар, особено кога го носиме овој дрес, да го дадеме максимумот. Тоа го покажавме и денеска ни донесе триумф – рече Бабунски.

Веќе се во продажба влезниците за натпреварот меѓу Македонија и Грузија кој ќе се одигра на 9 јуни во Скопје. Повеќе на следниот линк ТУКА

Милевски: Најважен е резултатот, одиме понатаму, ни следува Грузија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот