Николов: Штип продолжува во сигурни раце

Во ова време на пандемија Штип и штипјани покажаа демократија,  општествена одговорност и дека Штип ќе продолжи по патот на Европа, по патот во сигурни раце, рече Сашко Николов, објавувајќи победа на денешните избори за градоначалник на Штип, во присуство на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски.

Тој оцени дека денеска  жителите на Штип демонстрирале одговорност и европска политика.

-Покрај сите опструкции коишто ги имавме во времето на овој предизборен молк нашите сограѓани рака за рака денеска си го изгласаа идниот градоначалник на Штип и гласаа дека Штип продолжува по демократскиот пат за европски отворен и безбеден град за  сите наши деца, наведе Николовски

Моите сограѓани, посочи Николовски, денеска ми дадоа обврска која што лично ја преземам за да го исправам градот пред предизвиците коишто доаѓаат пред нас. Тоа се рамноправност, тоа е грижа, тоа е потпора за секој еден граѓанин во оваа наша општина.

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев му посакува успешен мандат на Николов и успешна реализација на сите зацртани проекти, потенцирајќи дека нема сомнеж оти ќе го вложи сиот својот потенцијал за да му помогне на родниот град и да работи за доброто на сите негови сограѓани.

Изборите, оцени, беа успешен и победнички, фер, слободни, демократски и најважно од се, безбедни  избори за здравјето. Вечерва победи Штип и желбата да продолжи развојот на овој македонски град,  истакна Заев.

Се заблагодари на штипјани што, наведе, покажале чувство и свест за својот град и општина да продолжи да се развива.

-Македонскиот народ, сите граѓани од Штип од сите етнички заедници има на што да бидат горди. Денеска граѓаните на Штип испратија порака и до бојкотирачот, блокирачот кој повторно избега од својот народ. Граѓаните го казнија неодговорното однесување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ кон Штип, кон центарот на македонскиот исток. Кажаа да за напредокот на Штип, да за грижа, одговорност и стабилност. Не за блокадите, не за бојкотот, не за лаги, стравови и хистерии. Не дозволува овој наш народ блокади, кочења, уназадувања, рече Заев.

Според генералниот секратр на СДСМ Љупчо Николовски,  изборите биле безбедни по здравјето, а граѓаните покажале голема одговорност и сериозност почитувајќи ги сите протоколи, овозможувајќи му на Штип  да продолжи по модерниот и по европскиот пат којшто го зацрта Благој Бочварски, којшто со политиките на СДСМ и на Владата навистина даваат значајно влијание за Штип.

-Покажавме дека можеме пресврт да направиме во истокот и со проекти и со капитални инвестиции и со грижа за граѓаните и со враќањето на парите назад кај граѓаните и со сите политики коишто ги преземеме во овој период. Токму затоа расте поддршката на СДСМ во овој регион. Истокот е веќе бастион на социјалдемократијата, треба да сме горди на тоа и да го продолжиме тој пат, наведе Николовски.

Предвремените избори за градоначалник на Штип уследија по назначувањето на Благој Бочварски за министер за транспорт и врски.

Државната изборна комисија во последното известување информираше дека на предвремените избори за градоначалник на Општина Штип до 18:30 часот гласале 14 328 избирачи, односно 34.30 проценти. Право на глас за предвремените избори за градноначалник во Штип имаа вкупно 41 177 гласачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот