Николов: Расте социјалниот гнев – потребна е итна владина реакција

-Рударството и рударскиот сектор за среќа првите три месеци од оваа година ги одработи успешно, затоа што овој сектор се разликува од останатите. Ние имаме предмет на работа и на нас помош од државата во вакви ситуација би била да се овозможи навремен транспорт на суровини и репроматеријали и извоз на нашите производи, , изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Николајчо Николов, менаџер на рудникот за бакар – „Бучим“ и претседател на оделот за рударство во Стопанската комора на Македонија.

Во моментов нема проблем, бидејќи и Царината и Владата излегоа во пресрет.

-Морам да кажам дека месец март, конкретно за рудникот „Бучим“, е еден од најуспешните во последните 5-6 месеци, рече Николов.

Околу постојниот интензитет на производството и дали на тоа влијае реалниот пад на нафтата и на енергенсите во импутот на цената, Николов вели дека „Бучим“ е значителен потрошувач на електрична енергија и цената на оваа енергија, како и цената на нафтата е ниска за нивна среќа е релативно ниска.

-Тоа се два елементи кои значително учествуваат во трошоците за производство со кои успеавме да постигнеме резултати. Но морам да спомнам дека „Бучим“ се наоѓа пред сериозна задача. Имено, треба да биде отворен новиот површински коп – „Боров дол“, каде што се инвестираат околу 60 милиони евра и „Боров дол“ треба да претставува континуитет на работа на рудникот некаде од месец август – септември или најкасно до крајот на 2020. Тоа е зацртано и правиме напори во овие кризи да го продолжиме векот на работа на „Бучим“, додаде Николов.

Рудниците добро фуннкционираат со просеча нето плата над 500 евра.

Сите рудници за среќа главно добро работат. Рудниците за обоените метали во вкупното индустриско производство учествуваат со околу 9-10%. Во бруто националниот производ учествуваат со 1%. Во овој сектор (обоените метали) работат над 3.000 вработени. Ова е релативно високо платена гранка во споредба со другите. Просекот во „Бучим“ за изминатите месеци е 555 евра нето плата, што за Радовиш и Македонија во овие услови се значителни пари, вели Николов.

Колкави ќе бидат последиците од Ковид 19 во стопанството, не може да се предвиди.

-Репутацијата на бакарот како барометар за глобалната економија доаѓа од широкиот спектар на неговата употреба – како во градежништвото, така и кај потрошувачките производи, како што се автомобилите и уредите за широка потрошувачка“, велат аналитичарите. Колкави ќе бидат последиците врз економиите во светот и врз македонското стопанство поради Ковид -19, никој не може да предвиди, но сигурно е дека ќе бидат големи, изјави Николов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот