Николов: Просечната рударска плата околу 600 евра

Скромно годинава се одбележува Денот на рударите низ рудниците, причина е коронакризата, бидејќи здравјето на рударите е најважно, вели за МИА претседателот на Македонската асоцијата за рударство, Николајчо Николов.

Тој истакна дека годинава во рудникот за бакар „Бучим” во Радовиш  на 60 работници им се доделени награди, кои изнесуваат од 6.000 до 10.000 денари.

-Македонските рудници во земјава работат согласно здравствените протоколи. Пандемијата не влијае врз финансиското работење на овој сектор. Оценка е дека позитивно работат. Просечната плата на македонските рудари во моментов е околу 600 евра, вели Николов.

Тој најави дека до крајот на годината во рударскиот сектор ќе се отвори рудно тело „Боров Дол”, кое треба да го продолжи работење на радовишки „Бучим” во наредните десет години.

Во секторот обоени метали или во рудниците за олово и цинк и за бакар „Саса”, „Бучим”, „Тораница” и „Злетово” работат 3.000 рудари. Другите 13.000 работници во секторот се вработени во неметали и преработка на рудата. Во индустриското производство овој сектор учествува со 10, а во БДП со еден процент.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот