Николов: Нè стигна заморот, клучен момент беше скок-играта!

Фото: kfsm.mk

Македонија го претрпе и четвртиот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во 2022 година.

Денеска во Перм пресилни беа руските кошаркари кои славеа со 94:77 и воедно со овие бодови се промовираа во учесници на континенталниот собир.

На прес-конференцијата по одигрувањето на средбата, говореше нашиот бек Кристијан Николов кој ги изнесе своите впечатоци.

Имаше солидна партија од 11 поени и пет асистенции за скоро 19 минути игра на паркетот во „Молот“ Арената.

– Имавме тежок натпревар, добро се подготвивме, но нè стигна заморот по вчерашниот меч. Клучен момент беше скок-играта, беа многу подобри во тој елемент. Имаме ден за одмор и верувам, односно сигурен сум дека ќе дадеме сè од себе да ја победиме Италија. Без разлика на се што се случуваше, ние сме сплотени како никогаш досега. Ова е група од 15 кошаркари која секогаш е подготвена да даде се од себе за репрезентацијата – рече Николов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот