Николов: Ќе се обидеме да им вратиме на Шпанците за поразот на Евробаскет 2011

кристијан николов
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Кристијан Николов/Фото: kfsm.mk

Плејмејкерот на македонската сениорска репрезентација, Кристијан Николов во најавата за утрешниот натпревар бара поддршка од публиката за позитивен резултат.

– Не чувствуваме никаков притисок, тоа е најважно за нас. Играме против Шпанија. Ќе дадеме сè од себе да дојдеме до позитивен резултат за нас. Следниот меч ни е со Украина, потоа и Грузија. Таму ги гледаме шансите и се надевам дека ќе бележиме позитивни резултати. Репрезентацијата е предизвик за секој од нас, а враќањето на Дамјан Стојановски е голем плус.

Ние сите што сме овде ќе се бориме да имаме добри резултати и да носиме успеси. Се надевам дека ќе дојде и публиката да ни даде поддршка. А ние, ако ни се укаже било каква шанса, ќе се обидеме да им вратиме за оној пораз во полуфиналето од Европското првенство од пред десет години – вели Николов.

Во петок навечер од 19.30 часот, Шпанија ќе гостува во Скопје, доволно за уште еден повик до публиката за Спортскиот центар „Јане Сандански“ – Скопје да биде пополнет со максимално дозволениот капацитет.

Ова е тимот кој го одбра селекторот Драган Бајиќ со кој ќе ги почнеме квалификациите за Светскиот куп 2023:

Бојан Крстевски, Кристијан Николов, Дамјан Робев, Адем Мекиќ, Дамјан Стојановски, Бобан Стајиќ, Џејкоб Вајли, Теодор Симиќ, Виктор Ефремовски, Андреј Маслинко, Кирил Николовски, Андреј Магдевски.

КФСМ нема да му дозволи на Зекири да игра за Косово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот