Николов: Изградба на 100 типски куќи за социјално ранливите, во 21 век секој заслужува топол дом

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип, д-р Сашко Николов во вечерашното онлајн обраќање пред граѓаните истакна дека меѓу приоритетите во неговата програма е грижата за социјално ранливите категории граѓани.

Во 21 век секој заслужува топол дом, рече Николов и најави изградба на 100 типски куќи во населбата Света недела.

Тој нагласи дека продолжува грижата за самохраните родители, нивните децата да одат во градинка без надомест, поддршката за слепите лица, за пензионерите, инвестирањето во центрите за лица со попреченост, а ќе ја зголемиме бројката на волонтери кои ќе им помагаат на луѓето во изолација, на болните и изнемоштените.

-Да направиме нашите сограѓани да се чувствуваат сигурно во Штип и дека можат да се потпрат на општината, дека не се сами, дека се во сигурни раце, рече Николов.

Тој најави дека веднаш откако ќе стане градоначалник ќе побара од Советот на општината да формира фонд каде штипските фирми ќе вложуваат средства, со кои ќе се обезбеди на повеќе пунктови во општината да има ставено маски, што секој граѓанин ќе може да ги земе.

-СДСМ како демократска и одговорна партија, организира избори со највисоки мерки за заштита на кои граѓаните на 13 декември можат да го искористат своето демократско право на глас и да изберат демократски легитимен градоначалник, нагласи Николов.

По 13 декември Штип што ќе го продолжи патот на модернизација, европеизација, Штип ќе остане во сигурни раце на градоначалникот д-р Сашко Николов, порача кандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот