Николов и Начевски го судеа првиот меч на Олимписките игри во Токио

фото: EPA/EFE

Започнаа натпреварите од ракометниот турнир на Олимписките игри кои се одржуваат во Токио, Јапонија, а во истиот учествуваат вкупно 12 репрезентации поделени во две групи.

Во групата „А“ во рамките од првото коло, Норвешка го совлада Бразил со 27:24, најефикасен беше Сагонсе со осум голови во победничките редови.

Потоа Франција со 33:27 славеше над Аргентина, а во дербито на рундата Шпанија минимално со 28:27 беше подобра од Германија.

Во групата „Б“ Шведска потешко од очекувањата го совлада Бахреин (32:31), а Данска беше убедлива против домаќинот Јапонија со 47:30.

Египќаните исто така освоија бодови со победата над Португалија со 37:31, иако на полувреме беше нерешено (15:15). Судии на овој дуел беа Славе Николов и Ѓорѓи Начевски од Македонија.

ВИДЕО: Кина најдобра со четири медали на првиот ден, остварени нови олимписки рекорди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот