Николов двоен стрелец во триумфот на Мол Фехервар (ВИДЕО)

Фото: ФФМ

Денеска на гостински терен со конечен резултат 2:4 славеше Мол Фехервар против тимот на Егер, двапати во листата на стрелците се запиша Бобан Николов.

Реализирани двата погодоци од непосредна близина, најпрвин македонскиот ререпрезентативец стрелаше за 1:3 во 78 минута, а во самиот финиш од средбата го постави конечниот епилог.

Ова е секако добра вест и за селекторот Игор Ангеловски во пресрет на новите квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство 2020 година наредниот месец против Словенија и Полска.

Во составот на Мол Фехервар освен Николов, играше и вториот наш репрезентативец, Висар Муслиу.

На видео записот можете да ги погледнете двата голови на Николов:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот