Николоски: Заев во родното Муртино за 18 години не успеал да изгради атмосферска и фекална канализација

Моја агенда е да бидам што повеќе со луѓето затоа што јас не бркам проценти, јас работам, изјави Александар Николоски, носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 4 во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 на емисијата „Само вистина”

Тој ги повика граѓаните масовно да излезат на овие избори за, како што вели, да ја казнат актуелната власт.

-Граѓаните масовно да излезат на избори, зошто ние за разлика од нив имаме дијаметрално спротивни ставови. Нашата цел е повисока излезност, а тие сакаат мала излезност за помал пораз. На секоја опозиција и одговара поголема излезеност. Дополнително и најважно е што според анкетите во 4 ИЕ, моето водство пред Заев е преку 4 проценти, и водството на мојата партија е преку 4 проценти во оваа ИЕ што е стабилно водство за почеток на кампања, а очекуваме и да расте, како во оваа ИЕ, така и во цела Македонија, рече Николоски.

Неговиот мотив за ИЕ 4 бил да му покаже на Заев, вели, како се работи.

Според него, иако Заев бил градоначалник, во родното Муртино за 18 години не успеал да изгради атмосферска и фекална канализација.

-Ако дома не си средил, не може и во цела држава да ја средиш работата, вели Николоски. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот