Николоски: Власта уште еднаш докажа дека е во договор со криминалците

Александар Николоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при денешната посета на Неготино рече дека Владата, односно премиерот Зоран Заев нема стабилно парламентарно мнозинство.

Денеска сме тука во Неготино да се сретнеме со граѓаните како што кажа Стефан да дадеме поддршка на оваа акција за собирање на потписи за поништување на политичкиот Закон за попис  кој што има за цел политички, а не статистички попис, истакна Николоски.

Тој смета дека во Македонија владеењето на правото е на најниско ниво, има криминална банда на власт која што е во коалиција со одредени  поранешни структури , а тие ни приредиле еден вистински циркус на Македонија во изминатите денови.

-Циркус во кој што видовме дека нема п од правна држава и дека нема воопшто владеење на правото туку дека има едни мафијашки карталски договори во кои што договори треба да се избегне системот на владеење на правото, па прво заеднички се договорија бегалецот од правдата да избега за после тоа да ги испреговараат  неговите услови и да го вратат назад за да одглумат пред јавноста дека успеале да го вратат назад, а во суштина реагираа на она што се вика притисок од јавност и од опозицијата. Но, видовме повторно дека се работи за политички договор од причина што ниедна правна процедура не беше испочитувана од примање на решение до тоа дека видовме дека отиде дома, а не онаму каде што заслужуваат оние кои што се бегалци од правдата, вели тој.

Николоски истакнува дека добива многу повици и вчера вечер и ова утро од луѓе кои што ја имаат напуштено Македонија

-Нема владеење на правото и има криминална банда и криминална коалиција на власт, а за жал добивам и бројни повици и вчера вечер и утрово од луѓе кои што сакаат да ја напуштат Македонија од истата причина, тоа е од причина што велат дека имаме криминална банда и криминална коалиција на власт, посочува тој. 

Би сакал да ги охрабрам и да ги повикам заедно да се избориме во оваа битка затоа што оваа генерација на ВМРО-ДПМНЕ е една чиста генерација, една генерација која што е надвор од овие криминално-политички договори, која што не е извалкана и која што има јасна, детерминирана волја да расчисти со криминалот и корупција на највисоко ниво и оваа криминална коалиција која што во моментот функционира во Македонија да оди онаму каде што и е местото, а тоа е во затвор, воочува потпретседателот

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот