Николоски: Власта итно да ги исплати субвенциите на тутунарите, следува голем протест

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски на средба со граѓаните во Прилеп изрази задоволство од, како што рече, големата инвестициска активност со изградба и  рехабилитација на улици и водоводни системи и довршувањето на чаршијата, а ги пофали и останатите градоначалници од четвртата изборна единица.

– Би сакал и две централни теми да искоментирам. Првата е поврзана со земјоделието и земјоделците. Би сакал да апелирам да се исплатат субвенциите за тутун затоа што тутунарите го заслужуваат тоа. Знаеме што се случуваше со откупот минатата година кога не беа вреднувани класите на тутун онака како што одговара и кога не беше исплаќано онолку колку што е реална вредност на тутунот, а дополнително и основните цени беа спуштени, а на тоа уште и да не се се исплаќаат субвенциите, мислам дека е свесно алудирање во земјоделците и во производството на тутун. Затоа што власта не сака да запре со увозот на тутун и го одби нашиот предлог на закон со кој што предложивме да се забрани увоз на тутун во Македонија се додека не се откупи целосното производство на домашниот тутун. Даваа различни образложенија зошто треба да има увоз, но во суштина зошто треба да има увоз гледаат македонските земјоделци со тоа што немаат редовен откуп и со тоа што не може пристојно нормално да живеат и функционираат – рече Николовски.

Како втората работа, тој ги повика граѓаните за три седмици да излезат на, како што рече, голем општонароден митинг на кој што очекуваат десетици, а можеби и стотици илјади граѓани пред Владата и на кој ќе побараат предвремени парламентарни избори.

– Би сакал да ги повикам сите граѓани од тука од Прилеп, но и од цела Македонија да ни се приклучат. Се надевам дека тој митинг ќе е освестување за СДСМ и ДУИ, за после тоа да седнеме и договориме датум за предвремени парламентарни избори како единствено решение за излез од оваа криза. Премногу време се изгуби. Ние од април апелираме да се седне и да се разговара и да се формираат четири тима во четирите болни области, тоа се финансиите, спорот со Бугарија и евроинтеграциите, здравството и секако образованието. Но, за жал нема одговор од СДСМ и ДУИ. Овој митинг е едно сериозно предупредување и порака што е желба на народот и после да одиме на предвремени парламентарни избори – порача тој.

Видео на денот