Николоски: Тврдам дека Албанија никогаш нема да стане членка на ЕУ, а прв кажав дека европските патишта ќе ни се спојат

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски, во интервју за, „Канал 5“, осврнувајќи се на процесот на интеграција на земјава во ЕУ, рече дека тој прв изјавил дека нашата земја ќе биде споена со Албанија на патот кон ЕУ. Во исто време, Николоски рече и дека е уверен оти Албанија нема никогаш да стане полноправна членка на Унијата.

„Прв кажав дека ќе ги спојат Македонија и Албанија врз основа на договор на Бујар Османи, и тогашниот МНР на Албанија. Никој не веруваше тогаш, дури од влада испраќаа соопштенија дека тоа било научна фантастика. Таа научна фантастика се реализира и станавме споени. Јас тврдам дека Албанија никогаш нема да стане членка на ЕУ. Не поради Албанија, туку поради погледите на Европската Унија“, рече Николоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот