Николоски: Средбата на Мицкоски и Макрон говори за угледот што го ужива Македонија

Мицкоски и Макрон / фото: X / Hristijan Mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски вчера во Будмпешта на самитот на Европската политичка заедница имаше многу значајна средба со претседателот на Франција Емануел Макрон, којшто во моментов практично станува лидер на Европа, имајќи предвид дека Владата во Германија е пред пад и дека извесно е дека не подоцна од март 2025 година таму ќе има избори, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

-Макрон во моментов неспорно е лидер на Европа, политичар којшто има највисока поддршка и најстабилен мандат во рамки на ЕУ од сите големи земји-членки и на конференција којашто трае само еден ден, да одвои толку време за да се сретне со премиерот на Македонија, мислам дека многу говори и за личниот авторитет што го има премиеорт Мицкоски и за угледот што го ужива Македонија – оцени Николоски.

Тој рече дека нема информации дали на самитот во Будимпешта дошло до средба меѓу премиерот Мицкоски и бугарскиот претседател Румен Радев.

Мицкоски вчера на маргините на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, остварил средба со шефот на француската држава Макрон.

По средбата, тој објави дека со Макрон отворено разговарале за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија.

Мицкоски во Будимпешта разговарал со Макрон „отворено за одблокирање на македонскиот пат кон ЕУ“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот