Николоски: Со отворањето на кафе баровите се добива социолошка слобода, но во одредени граници кои мора да ги испочитуваме (ВИДЕО)

Со отворањето на кафе баровите се добива онаа социолошка слобода, но во одредени граници кои мора да ги испочитуваме. Факт е дека Ковид-19 ќе постои и во иднина и моравме да смислиме начин како би можело да функционираме, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Александар Николоски, сопственик на кафе бар.

Со новите прописи, угостителите треба да им овозможат на граѓаните безбедно уживање во локалите.

-За жал ќе започнеме со намален број на гости, со зголемена безбедност за нив. Сепак, со оптимизам можам да кажам дека ќе ја добиеме довербата и ќе бидеме општествено одговорни, овозможувајќи им на луѓето безбедно да уживаат во нашите локали, вели Николоски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот