Николоски: СДСМ и Заев се радуваат на поздравот од Ципрас, тој пред кој што потпишаа капитулација на Македонија

Се радуваат на поздравот од Алексис Цирас, испрати Алексис Ципрас поздрави и ги повикува замислете македонските граѓани да гласаат за оние кои што го сменија името. Јас Ципрас го разбирам, ќе остане запаметен веројатно во грчката историја како еден од најпозитивните ликови во делот на националните интереси на Грција, истакна Александар Николовски, кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, носител на ИЕ4.

-Веројатно името ќе му го запишат со златни букви во грчката историја затоа што успеа да го постигне тоа што ниту еден грчки премиер пред него не успеа да го постигне а тоа е д го промени името на оваа држава. Ама нашите овдека од СДСМ и од кај Заев да се радуваат на тој поздрав, да се радуваат тој што ги поздрави, тој пред кој што потпишаа дека капитулираат, па јас мислам дека нема поголемо национално предавство и национален срам. Да е трагедијата поголема им се смее во лице и им цитира песни од Блаже Коневски во кои што зборува за смеченото, за згазеното семе, и за глувото семе кое што ‘рти низ Македонија. Тие стихови имаат многу симболика, тие во себе во суштина говорат за таквите какви што не сакаме да владеат за Македонија какви што за ал владеат во овие три години- рече Николовски.

Но, истакна тој, да се радуваат на тоа да го пуштаат по сите портали, по сите телевизии, да го пуштат спонзорирано на фејсбук и на останатите социјални медиуми јас не можам да кажам ништо друго освен дека со врвни предавници имаме работа за жал почитувани пријатели.

-На тоа ќе ставиме крај на 15 јули промените доаѓаат на 15 јули и вие ќе ги направите проблемите- рече Александар Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот