Николоски: Одморите на Николовски и Рашковски се исмевање во лицето на граѓаните кои се борат за живот

За интерпелацијата на Венко Филипче имаме поддршка од сите опозициски партии. Катастрофа е и она што го видовме или обид кој заврши криминално за набавка на вакцини. Потоа смртноста е меѓу највисоките во светот. Тоа се причини зошто мислиме дека треба да замине Филипче, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во централниот Дневник на телевизија Сител.

– Видовме и колегите на Заев и Филипче како не го почитуваат здравјето на граѓаните, и тоа вториот и третиот човек во владата. Едниот е во Мексико, другиот во Дубаи. Одморите на Николовски и Рашковски се исмевање во лицето на граѓаните кои се борат за живот, рече Николоски.

Николоски се осврна и на катастрофалната состојба околу набавката на вакцини против ковид-19.

– Македонија се соочува со катастрофа во делот на справувањето со корона, вакцини нема. Еден обид да се набават вакцини заврши криминално со јасни индиции за криминал, за кои што јавноста ги виде документите. Смртноста е меѓу највисоките за жал во светот, односно Македонија е четврта од долу од најлошите по бројот на смртност. Така што, тоа се причините поради кои мислиме дека министерот за здравство треба да замине, рече Николоски.

Николоски додаде дека да се набавеа вакцини немаше да имаме ваква епидемиолошка слика.

– Очекувам претседателот на Собранието да ги стави сите три интерпелации и онаа за Николовски и Маричиќ, а и оваа за Филипче затоа што оваа последната треба затоа што неговата неспособност значи изгубени животи, рече Николоски.

Николоски посочи дека под итно треба да се набават вакцини за да се заштитат граѓаните од коронавирусот бидејќи секојдневните бројки на починати и заразени се катастрофални.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот