Николоски: Не очекувам нови кадри или идеја од конгресот на СДСМ што ќе ја извади Македонија од здравствена и економска криза

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при денешната посета на општина Карпош во однос на денешниот конгрес на СДСМ истакна дека конгресот е внатрепартиска работа на СДСМ, но дека не очекува ништо ново, нови кадри или некоја нова идеја што ќе ја извади Македонија од здравствената и економска криза.

– Па тоа е внатрепартиска работа на СДСМ и јас не очекувам ништо ново, не очекувам дека ќе има некоја нова идеја која што ќе ја извади Македонија од оваа здравствена и економска криза за жал во која што се наоѓа ниту очекувам дека некои вонредно чесни кадри ќе има како нови решенија во СДСМ напротив очекувам да Зоран Заев се капсулизира односно да си постави свои послушници околу себе. Сум кажал и претходно, а ќе повторам и денес, мислам дека не е работа на ВМРО-ДПМНЕ да се занимава со СДСМ, ниту е работа на СДСМ да се занимава со ВМРО-ДПМНЕ. Како што се обидуваше тоа да го прави во изминатиот временски период видовме дека не успеаа и нема да успеваат и понатаму во иднината. Фигуративно кажано, сега „мечката игра во нивниот двор“. Имено, се говори за независни листи од страна на незадоволни членови од СДСМ како и за формирање на нова политичка партија, но тоа е работа на членовите на СДСМ, нека си го решаваат тој проблем помеѓу себе, нагласи Николоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот