Николоски: Ја повикувам власта на предвремени избори и референдум

Александар Николоски/Фото: Скриншот

Потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска во Прилеп оддаде почит на 21-годишнината на загинатите армиски припадници кај Карпалак и ја повика власта да прифати предвремени избори.

„Најновата анкета за истражување на јавното мислење и расположение на народот на француски ИПСОС, според кои резултати ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност во однос да СДСМ е точна и ја отсликува реалноста и расположението на македонските граѓани, вели потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на обвинувањата на од страна на СДСМ дека анкетата била нарачана од ВМРО-ДПМНЕ, Николоски истакна дека анкети нарачуваат политички партии за да се види расположението на народот помеѓу два изборни циклуса.

„Анкети нарачуваат политички партии. Значи, анкетите секогаш се нарачани од политички партии, евентуално од институции и се главно мерило за тоа каде се наоѓа секоја политичка партија помеѓу два изборни циклуси. Секако најдобра анкета се изборите, но во меѓувреме, во цел демократски свет, тоа е начинот на кој што се мери перформансот и поддршката на секоја политичка партија“, рече Николоски.

Додаде дека француската куќа за истраживање на јавното мислење ИПСОС, кој ја спроведе и последната анкета на барање на ВМРО-ДПМНЕ, до сега нема промашено истражување ниту на Балканот, ниту во Европа и ако тие излегуваат со тие бројки, тогаш во тој момент тоа е расположението на народот и доказ за тоа е и бегањето на власта и од избори и од референдум.

Николоски од Прилеп ја повика власта предводена од СДСМ и ДУИ, за да се увери дека бројките од анкетата се вистините, нека се согласи за предвремени парламентарни избори и за организирање референдум, каде што граѓаните преку овие две форми на непосредна демократија ќе ја кажат најточната анкета.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот