Николоски: Изборите се со голем влог за Филипче бидејќи доколку СДСМ загуби тој ќе мора да одговара за сторениот криминал

Николоски истакна дека изборите се со голем влог за Филипче бидејќи доколку СДСМ загуби по изборите тој ќе мора да одговара за сторениот криминал.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва гостуваше во емисијата „Само интервју” каде што посочи дека здравјето на граѓаните е на прво место. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ работи на план кој ќе значи излез од ситуацијата и пат до избори кои нема да го загрозат здравјето на граѓаните.

Во однос на датумот кога би се одржале предвремените парламентарни избори, Николоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да гази преку човечки животи  за да дојде на власт и ќе се залага за избори во оној момент кога ќе сме сигурни дека ниту еден човек кој ќе гласа нема да заболи од корона вирусот.

-Драго ми е што ќе има лидерска средба од причина што тоа беше наше барање. На почеток СДСМ одбиваше, потоа прифатија, здраво е за државата главните политички сили да седнат и разговараат за да се обидат да најдат консензус околу најкрупните прашања. А, тоа е убава порака и за граѓаните. Секако ние ќе излеземе со наш план кој ќе значи излез од ситуацијатаи ќе значи пат до избори. Работиме во моментов на планот, да беше готов би ви го презентирал, но во текот на викендот очекувам да е готов. Она што е можам да го кажам е дека тоа е план кој што ќе води до избори и ќе води до заштита на здравјето на граѓаните, затоа што ние не смееме да се доведеме во ситуација да луѓе заболуваат од коронавирус, или недајбоже ги губат своите животи за да во Македонија се случат избори. ВМРО-ДПМНЕ типува на избори во оној момент кога ќе сме сигурни дека ниту еден човек на гласање нема да се заболи од коронавирус. Тоа е основно за нас, затоа што нам не ни треба власт ако како резултат на изборите на кои што сме ја добиле власта се заразат стотици луѓе и недајбоже почина 10-тици луѓе. Нас таква власт не ни треба, затоа што тоа е газење преку човечки животи- нагласи Николоски.

Николоски истакна дека изборите се со голем влог за Филипче бидејќи доколку СДСМ загуби по изборите тој ќе мора да одговара за сторениот криминал. Токму поради ова Николоски се сомнева во непристрасноста на министерот за здравство кога станува збор за датумот за избори.

-Јас не познавам многу луѓе во Македонија кои што имаат имот од 15 илјади метри квадратни на најатрактивна локација во Скопје. Ова ние јавно го објавивме и имаме документи за ова. Нема многу такви луѓе кои што имаат толку имот. Поентата ми е дека овие избори се влог за Венко Филипче дали ќе одговора потоа или не. Затоа што доколку победи ВМРО-ДПМНЕ верувајте дека ќе понесе одговорност за криминалните дејствија во министерството за здравство, а тие се бројни. Прво ги извадивме документите за неговото земјиште, постојат бројни индиции за местење на тендери, пред некој ден излеговме со две пресконференции, едната беше за стентови втората за реагенси. Такви информации објавуваше ВМРО-ДПМНЕ многу пред почетокот на корона кризата, заради корона кризата застанавме, но имаме уште многу материјали- вели Николоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот