Николоски: Го прашувам Заев што бара Боро Марлборо секој викенд во Швајцарија со највисоки членови на неговото семејство?

Од Ново Село потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 Александар Николоски порача дека на 15-ти јули жителите треба да одберат обнова на својата татковина и масовно како на референдумски избори да гласаат за коалицијата “Исправи се Македонијо!”

-Ако во општините што ги водат вака е несредено и неизградено, неуредено и гнасно, како ли им е дома. Затоа што човек ако е педантен дома, педантен и чист е и на работа. Да одат секој ден тука во општината и да го гледаат ова ѓубриште ондека, да ја гледаат фонтаната што не работи, да гледаат се запуштено и да не ги јаде нервоза. Недомаќини луѓе е благ збор за нив. И за жал тоа се случува низ целата држава. Еве го прашувам јавно Заев како кога си оди дома накај Струмица, не се нервира кога го гледа патот Штип – Радовиш, кај е застанат од 2016-та година таму и денес е. Три години не е мрднато. Од него зависи, тој е прв човек во владата и патот за дома неможе да си го направи. Или кога ќе си оди во Муртино во куќата на татко му нели ја гледа канализацијата како тече и лево и десно по улицата. И не е тоа од вчера од завчера, 18 години тој и неговите пајташи владеат и неможат еден парк да исчистат, рече Николоски.

Кај се 4 милијарди евра, праша тој. Кај одат парите, кај се? Одговорот е јасен. Парите одат по приватни џебови. Затоа и нема за народот. Ги цицаат парите. Ете такви бандити ја водат државата.

-Пред некое време со драги пријатели бевме во Швајцарија. Во Локарно Новоселци се 25 проценти од населението. И ми велат Боро Марлборо секој викенд е тука со највисоки членови на семејството Заеви. Па да ги прашам што бараат секој викенд во Локарно? Но, ние ќе испитаме по 15-ти јули. Затоа што еден од приоритетите ни е испитување на капиталот на сите политичари од прв до последен. Со денови го повикувам и Заев да докаже дали неговото богатство и богатството на неговото семејство е легално стекнато. Затоа после 15-ти јули законот ќе дојде и има сите да одговараат од прв до последен. За земјоделието што да ви кажаувам. Зелената мафија си владее, а на вас ви го цицаат трудот. Едно време се отвораа откупни центри, а сега се отвораат за марихуана. Во едно време имаше редовен откуп, а сега гледаат на диво што повеќе да насадат и да прошверцаат тука преку граница. Тоа е тажната приказна овде во Ново Село и затоа ве повикувам да излезете масовно на 15-ти јули и да гласате за обнова, порача Николоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот