Николоски: Доколку функционерите вмешани во аферата “Мафија” не поднесат оставки, тогаш Македонија најверојатно ќе има реперкусии на патот кон ЕУ

Во вечерашното издание на емисија “Јади бурек” кај Јанко Илковски на ТВ Сонце гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој се осврна на моменталните политички случувања, како и на актуелната афера “Мафија” која изминатите неколку дена се прикажа на македонската јавност.

Николоски истакна дека процесот на издавање пасоши на криминалци, убијци и наркобосови бил поткрепен и во соработка со блиски соработници на Зоран Заев од високите структури на власта. Тој додава дека не е возможно да се спроведе ваква акција на издавање пасоши на такви лица, а истовремено да не се вмешани луѓе од власта кои најверојатно правеле притисоци и поткупувале за да се заврши работата.

Николоски вели дека овој скандал сигурно ќе се рефлектира на меѓународниот план на Република Македонија, бидејќи ова не доликува на земја која што е претендент за членка на ЕУ, а е актуелна членка на НАТО. Тој вели дека не смее да се прогледа низ прсти на овој случај, бидејќи луѓе убивале, краделе, шверцувале дрога со идентитети кои во Македонија вистински постојат, а сега можат да бидат предмет на апсење поради ист идентитет со убијците, додаде Николоски.

“Оваа афера која овие денови е премногу актуелна сигурно ќе влијае врз европскиот пат на државата, бидејќи речиси три години траел процесот на издавање на пасошите, а властите не реагирале на било каков начин. Тоа доволно укажува за вмешаноста на власта во овој процес, а тоа не е една од вредностите на ЕУ или пак моделот врз кој би требало да функционира една европска држава. Доколку не паднат оставки од многу функционери и доколку случајот не се расчисти, тогаш меѓународната заедница сигурно нема да го премижи ова”, вели Николоски.

Македонскиот пасош е на цена на Балканот и токму поради тоа овие луѓе се решиле да извадат пасош од тука, бидејќи во Македонија од 2008 година пасошот добива на голема вредност поради реформите кои беа направени во државата. Вакво омаловажување на македонскиот пасош, како и на државата, мора да биде санкционирано и за истото да се сноси голема одговорност, заврши Николоски. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот