Николоски: Дали финансиската полиција и Агенцијата за разузнавање се контролирани од потпретседателот на СДСМ?

Николоски образложи дека на овој начин како што размислува СДСМ дека со брзи избори ќе го намали поразот е неодговорно и нечовечки.

Во вестите на Канал 5 вечерва свое јавување имаше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој што посочи дека предвремената кампања на СДСМ резултираше со околу 200 лица од УЈП во самоизолација, поради тоа што директорката е заболена од корона вирусот. И преку 80-тина од врвот на СДСМ се во самоизолација. И од тоа  може да се постават и добри политички прашања како на пример, дел од луѓето кои што се во самоизолација се луѓе кои по опис на своите работни задачи не смеат да бидат во партиска функција како на што е директор на финансиска полиција или директор на Агенција за разузнавање.

-Дел од луѓето кои што се во самоизолација се луѓе кои што во опис и попис на своите работни задачи не смеат да бидат во партиска функција како на пример директор на финансиска полиција, или директор на Агенција за разузнавање. Тие треба да се независни институции. Едната е дури под претседателот која што не смее да биде под партиска координација, но гледаме дека биле во партиска координација-нагласи Николоски.

Прочитајте и...  Четворица новозаразени од коронавирусот во Кичево

Николоски додаде дека кога ќе се надмине коронавирусот треба ова прашање да се отвори како е возможно вакви независни институции кои што се занимаваат со безбедносни прашања да бидат координирани од политички центар односно од потпретседателот на владејачката партија СДСМ.

-Апсолутно треба да се случат избори, на кои што граѓаните треба да го дадат својот глас, но тие избори може да се стаса само преку два чекора. Првиот чекор е сериозна битка сега со вирусот, за да почнат овие бројки да се намалуваат. И вториот чекор е консензус кој што би се постигнал помеѓу сите политички партии со еден отворен дијалог. Македонија за жал потфрла, и не мора со Европа и со светот да се спореди, еве со регионот само да ја споредиме и гледаме колку потфрла. Резултат за жал е ова потфрлање, а причината е брзањето кон избори, затоа што Заев се надева со брзи избори ќе има помал пораз- појасни Николоски.

Прочитајте и...  Царовска на средба со Форум на жени од Карпош: Со цврста заложба ја јакнеме родовата еднаквост

Николоски образложи дека на овој начин како што размислува СДСМ дека со брзи избори ќе го намали поразот е неодговорно и нечовечки.

Прочитај повеќе

Шекеринска од Дебар: Минималната плата ќе биде 20.000 денари

Слободен печат

Силјановска – Давкова: Нема самопочит, без почит кон предците, кон историјата, нема дрво без корен

Слободен печат

Мицкоски: Се пријавувам да бидам првиот кандидат за ветинг на македонската политичка сцена

Слободен печат

Спасовски: Народот ги виде Скопје 2014 во стиропор и ВМРО-ДПМНЕ во криминал и веќе избра сигурна иднина и пари кај граѓаните

Слободен печат

Вучиќ ја пофали Македонија дека чесно тестирала и се пофали дека Србија направила најмногу тестови во регионот

Слободен печат

Ахмети од Кичево: Македонија се гордее со Мајка Тереза, ќе се гордее и со премиерот Албанец

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Силен и пороен дожд поплави улици во Битола (ВИДЕО)

Слободен печат

Денес е најлошиот ден од почетокот на пандемијата во светот, новозаразени има преку 200 илјади

Слободен печат

Заев: Ги отворивме вратите кон ЕУ и НАТО, со обезбеден идентитет и со признат јазик

Слободен печат

Филипче: Ќе почнеме со изградба на Клинички центар, првиот блок ќе биде готов за четири години

Слободен печат

Силјановска покажа како се „денса“: Треска на саботната вечер (ВИДЕО)

Слободен печат

Најмалку 43 убиени во судири во Јужен Судан, украдени и десетици говеда

Слободен печат