Николоски: Цела политичка кариера Заев користи ПР тактика на сожалување, а позади тоа се крие злоба

Одговарајќи на новинарски прашања, по денешното рочиште потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски истакна дека премиерот Зоран Заев во целокупната негова политичка кариера користи ПР тактика на сожалување.

– Ќе го прокоментирам сериозно, иако не заслужува. Мислам дека Зоран Заев во целокупната своја политичка кариера има една добра пи-ар тактика на сожалување. Тој сака да се прикажува пред луѓето како наивен, просто душен и луѓето да го жалат и да велат дека овој или е неелоквентен, глупав и ништо не разбира, па тресе глупости или така е од едно семејство кое што се потресува, мајка му плаче како што вели тој, децата му се депримирани, сопругата му е вознемирена итн. Тоа е една добро смислена тактика, а ако веќе анализираме човечки карактери, обично човечките карактери се обратни од тоа какви што сакате вие да ги претставите, односно кога некој човек зборува за себе, а не зборуваат другите така, во суштина е обратно. Така што, претставувајќи се Зоран Заев како наивен, угнетен и понижен човек, во суштина излегува неговата злоба и тоа што ме праша мене веројатно се однесува на него за тоа кој е злобен човек. На крајот на краиштата гласачите не одлучуваат за нас во однос на тоа кој е добар, а кој е злобен, за тоа кој има проекти и може да ги реализира, а кој е неработник и не може да ги реализира, кој е корумпиран, а кој е чесен. Тоа е тоа врз што носат одлука гласачите, одговори Николоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот