Николоски: Бугарија сака да ја смениме историјата

Александар Николоски во Стразбур / Фото: Скриншот

Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во обраќањето пред Парламентарното Собрание на Советот на Европа се осврна и на проблемот со Бугарија и закочувањето на пристапните преговори на РСМ во ЕУ.

-Сите знаеме дека Македонија има огромен проблем со Бугарија околу започнувањето на пристапните преговори со Европската унија. Едно од клучните прашања со кои се соочуваме е поврзано со историјата, но и со негирањето за бугарската држава за време на Втората светска војна, тие беа тие што го окупираа денешна Македонија. Тие беа оние кои за жал го организираа ова протерување на еврејската заедница и тие беа оние кои ги испратија во Треблинка. Она што бараме од нив е да го одбележат и да признаат дека тоа се случило. За жал, она што го гледаме е целосно негирање и со употреба на силата на членството во Европската унија не присилува да ја смениме историјата на таков начин за да ги отвориме пристапните преговори. Верувале или не, она што од нас се бара е да ја смениме историјата, да го смениме идентитетот на земјата, на нацијата, дури и да преговараме за јазикот, само да ги започнеме пристапните преговори со Европската унија, користејќи го нивното членство во Европската унија да ја препишат историјата повеќе, би рекол учтиво за нив, но начин на кој е целосно лажен, кој не е вистина и е против историјата и е против она што се случи за време на Втората светска војна, рече Николоски.

Тој побара од Стразбур, овие практики да се сменат.

-Оваа недела се одржува Европскиот совет во Брисел каде ќе има средба и со лидерите на Западен Балкан, а барам и Бугарија да го промени своето однесување и да дозволи отворање на пристапните преговори, и да се соочат со реалноста, да се соочат со нивниот историски проблем, но и да се соочат со историјата каква што е и да се соочат дека постои нација која постои до нивната граница што се нарекува македонска нација и држава што е македонска. Само со прифаќање на заедничките вредности можеме да одиме понатаму и чекорот кој што може да го направи бугарскиот премиер за да дојде во музејот на холокаустот во Скопје и да побара една голема прошка од жртвите, рече Николоски во Стразбур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот