Николоски: Арсовска да најде решение со превозниците и да не прави политика од тоа

Данела Арсовска автобус
Фото: Фејсбук, Данела Арсовска

Во вечерашното гостување во емисијата  „Тема на денот“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски истакна дека градоначалничката Данела Арсовска треба да најде решение со превозниците и да не прави политика од тоа.

„Скопјани и сите кои го користат Јавниот превоз во Град Скопје заслужуваат брз и ефикасен јавен превоз и нив не ги интересира што се случува помеѓу различни превозници и градот. Тоа е работа која треба да ја реши градот“, рече Николоски.

Николоски потенцираше дека сите кои користат јавен превоз заслужуваат утре да имаат нормален јавен превоз, а не да има блокади на раскрсниците низ Скопје.

„Ова не е прашање за советот на Град Скопје, ова е прашање за градоначалникот на Град Скопје и таа треба да си најде решение за овој проблем. Затоа и е избрана за да решава проблеми, а не истите да ги пренесува на граѓаните и да ја оптоварува јавноста со таа работа“, посочи Николоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот