Николоска: На 15-ти јули граѓаните ќе гласаат за концептот кој носи повеќе пари во нивните буџети (ВИДЕО)

Три години во континуитет СДСМ покажа што значи Вистинска грижа за сите граѓани подеднакво. За само три години, донесовме социјална реформа со која социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто, воведовме детски и образовен додаток, истакна Фаница Николоска, носителка ви ИЕ6 во изјава за медиумите.

-И понатака продолжуваме да се грижиме, уште повеќе и уште подобро. Имаме план и во новиот 4 годишен мандат обезбедуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства и детски додаток за 65.000 дечиња. И во време на криза со коронавирусот концептот парите назад кај граѓаните успешно функционира. Домашна платежна картичка од 9.000 денари добиваат стечајците, пензионерите чија пензијa е до 15.000 денари, самохраните родители како и невработените кои не се активни баратели на работа. На 15 јули граѓаните ќе гласаат за фер и праведно општество. Ке гласаат за концептот кој обезбедува повеќе пари во нивните буџети. Обнова на криминалот и режимот нема да има- рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот