Николина Пишек тврди дека ѝ украле пари и накит во вредност од 275.000 евра, еве што сè ѝ недостасува

Instagram

Николина Пишек и нејзиниот сопруг Видое Ристовиќ, како што тврди водителката, беа исфрлени од вилата на Брач, која ја изнајмиле на 14 дена за 20.000 евра.

Сопственикот на вилата по инцидентот рекоl дека му ја „уништувале куќата“, по што Николина на хрватскиот портал Далматински портал доставила снимки снимени таа ноќ на кои се гледа во каква состојба е вилата.

„Сме ја уништувале куќата? Еве тука се видеоснимките па можете да видите како изгледа ентериерот на вилата. Веројатно така сака да ја оправда разбојничката кражба со која сме оштетени за 270 илјади евра – готовина и скапоцености што ни се земени од вилата. Тврдам дека сè е исценирано за да дојде до вредни работи и пари, а се сомневаме дека и агенцијата била замешана во тоа“, вели Николина, алудирајќчи на сопственикот на вилата.

Хрватскиот портал Индекс пренесе детали за тоа колку се оштетени Николина и Видое.

Што сè исчезнало од вилата

Николина и Видое наводно останале без работи во вредност меѓу 275 и 300 илјади евра.
Водителката навела дека станува збор за следните работи:

Пари – (65.000 до 68.000 евра)

Машки часовник Custos – (18.000 евра)

Часовник Rolex Daytona rose gold (35.000 евра)

Алка Cartier Love со брилијанти (40.600 евра)

Машки часовник Pierre Kunz (злато) 13/50 (25.000 евра)

Женски прстен Cartier Panther (25.000 евра)

Прстен Chopard 3.75 ct (бело злато) (65.000 евра).

Коментарите на социјалните мрежи во врска со настанот се различни. Голем дел од следбениците на Николина ја поддржуваат да оди до крај и да го извади криминалот на виделина, а има и скептични, на кои целата оваа ситуација не им изгледа реално. Некои дури и се запрашаа зошто некој би носел со себе толку пари готовина со себе кога постојат картички.

Останува да видиме како ќе заврши драмата на Николина и нејзиното семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот