Никола Ристановски денеска го слави својот 54. роденден

Никола Ристановски
Никола Ристановски / Фотографија: Кире Галевски

Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер Никола Ристановски денеска го слави својот 54. роденден.

Ристановски е роден во чешкиот град Острава, а кога имал седум години, со семејството се преселил во Тетово.

Љубовта кон актерската игра ја покажал уште во средношколските денови, кога членувал во драмската секција. Во тоа време, наговорен од професорката Нада Гешоска, тој учествувал на натпревар во Осиек, Хрватска на кој Ристановски и неговите колеги се претставиле со „Злосторство и казна“ од Фјодор Михајлович Достоевски и ја освоиле првата награда на жири-комисијата, предводена од Фабијан Шоваговиќ.

Воден од тој успех, Ристановски се определил да студира глума, но бил трипати одбиен на приемниот испит на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што паднал уште во првата година на студиите. Сепак, подоцна, уште како студент бил повикан да игра во една театарска претстава, што било признание за неговиот талент. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за глумечка игра во 1993 година.

По завршувањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Ристановски станал дел на Македонскиот народен театар во 1994 година. Првата професионална претстава во Македонскиот народен театар му била „Жорж Данден“, во режија на Бранко Ставрев, по што следувала улогата во „Снежана и седумте џуџиња“ на Дејан Дуковски, а во режија на Александар Поповски. Две години подоцна, Ристановски блеснал со улогата во култната претстава „Буре барут“.

Во текот на својата кариера, Ристановски има играно во 41 претстава и во 15 филмови, при што има освоено 28 награди, со што тој е најнаградуваниот македонски актер.

Најмногу соработувал со Александар Поповски (10 претстави и 3 филма), а најмногу настапи имал во претставата „Буре барут“ (над 150 настапи).

Исто така, Ристановски изгради богата кариера и во странство, каде што играше во популарните и наградувани претстави „Господа Глембаеви“ и „Дервишот и смртта“. Во 2016 година, Ристановски настапи во филмот „Игла под прагот“ на црногорскиот режисер Иван Мариновиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот