Никола Јокиќ „грмеше“ против Оклахома! (ВИДЕО)

фото:твитер

Кошаркарите на Денвер славеа над Оклахома со 110:102 во натпревар во кој Никола Јокиќ запиша нов „трипл-дабл“.

Српскиот интернационалец Јокиќ имаше една фантастична партија со 28 поени, 14 скокови и 12 асистенции во триумфот на Нагетси, а кај неговите тимски колеги Бартон имаше 18, Мареј 14, Грант 13, а Херис 11 поени, додека овој дуел го пропушти Пол Милсап поради помала повреда.

Центарот доминираше на паркетот, за него ова е четврти „трипл-дабл“ оваа сезона, а му беа потребни само три четвртини што доволно говори за моќната партија што ја имаше против „громовите“.

Претходно беше објавено за незгодната повреда на Лука Дончиќ, Словенецот мораше многу рано да го напушти натпреварот меѓу неговиот Далас и Мајами Хит.

НБА резултати –

Феникс Санс-Сан Антонио Спарс 119:121, 109:109 (по 1 прод.)
Торонто Репторс-Бруклин Нетс 110:102
Чикаго Булс-Лос Анџелес Клиперс 109:106
Мемфис Гризлис-Вашингтон Визардс 128:111
Далас Маверикс-Мајами Хит 118:122, 112:112 (по 1 прод.)
Милвоки Бакс-Кливленд Кавалирс 125:108
Денвер Нагетс-Оклахома Сити Тандер 110:102
Хјустон Рокетс-Детроит Пистонс 107:115

Во Западната конференција води Лос Анџелес Лејкерс со учинок од 23 победи и три порази, а на Истокот моментно лидер е составот на Милвоки Бакс (24-3).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот