Никола Ѓорѓиев претставен како супер ѕвезда во Инегол

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев, денеска беше претставен во новиот клуб, Инегол Беледиеспор.

– Би сакал да им се заблагодарам на сите за ова топло добредојде. Сум работел во многу тимови и сега сум среќен што ќе можам да играм за Инегол. Веќе ме третираат како дел од семејството. Верувам дека можеме да постигнеме големи работи оваа сезона, бидејќи тимот и тренерите се одлични и ќе им донесеме многу радости на навивачите и на челниците на екипата – изјави Ѓорѓиев на промоцијата.

Ѓорѓиев кој во турскиот шампионат доаѓа од германскиот Фридрихсхафен, претходно има настапувано во Осака и Торај во Јапонија, во полскиот Онико и во Париз волеј, е пречекан како голема ѕвезда.
Денеска потпишавме договор со одличен одбојкар кој ќе биде големо засилување за нашиот тим. Оваа сезона сакаме да оствариме нови амбиции, а за тоа имаме добар тим и големо тренерско име во Левент Зороглу. Му посакувам успех на нашиот нов голем играч, тој ќе додаде голема вредност и на нашиот клуб и на нашиот град – изјави претседателот на Инегол, Башкан Табан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот