Никола Ѓоргиев потпиша за поранешен европски шампион

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација Никола Ѓоргиев е нов играч на германскиот Фридрихсшафен. Ѓоргиев ја напушти Јапонија и Осака каде што настапуваше една сезона и одлучи да потпише едногодишен договор со најпознатиот германски тим.

Фридрихшафен во 2007 година триумфира во Лигата на шампионите, а во германското првенство има освоено 13 шампионски титули и 16 трофеи во Купот. Германскиот тим минатата сезона заврши како второпласиран во домашниот шампионат.

Во минатото македонскиот одбојкар настапуваше за ОК Раднички Крагуевац, Волеј Форли, Малије Мили Пјанго, Париз Волеј, Тореј Ароус, Онико Варшава и Осака блејзерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот