Никола Димитров: Се гледа од каде ни доаѓа помошта!

ЕУ има еден пакет од 410 милиони евра за целиот регион, од кои нешто под 70 милиони за нашата земја

-Благодетите од НАТО членството и од почетокот на пристапните преговори со ЕУ граѓаните ги гледаат и во борбата против корона вирусот. Се гледа од каде ни доаѓа прва помошта. ЕУ има еден пакет од 410 милиони евра за целиот регион, од кои нешто под 70 милиони за нашата земја, изјави вечерва министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Тој посочи дека членството во НАТО е потврда на нашата државност и безбедна иднина, а тоа штом ја пребродиме оваа криза ќе донесе повеќе странски инвестиции, што ќе го подигне животниот стандард на граѓаните.
– Со почетокот на преговорите со ЕУ ќе добиеме пристап до Фондот за солидарност на ЕУ и од тука ќе се видат бенефициите. Ќе има повеќе од ИПА поддршката, ќе бидеме под поголема лупа за тоа како ни функционира правната држава, како ни функционира слободата на медиумите и функционалноста на нашата демократија. Ние се ставивме на шини и конечно направивме чекор од чекалната каде што бевме затворени со децении, изјави Димиртов во гостувањето на Алсат М телевизија.

Прочитајте и...  Чавушоглу: Турција очекува туристи од Русија

Прочитај повеќе

Хан: Западен Балкан и припаѓа на Европа

МИА Агенција

Првпат ниту еден новозаразен од Ковид-19 во Косово

МИА Агенција

Повторно раст на новозаболени од Ковид-19

МИА Агенција

Полициски час и денеска во државава

МИА Агенција

Сончево со мала облачност, попладне дожд

МИА Агенција

Кој е посилен од државата?

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Чулев: СВР Струмица ги истражува донациите и дали лицата кои ги делеле ги почитувале мерките за Ковид-19

Слободен печат

Кумановци горди на двајцата доктори сограѓани беа дел од тимовите за трансплантација на срце и бубрези

Слободен печат

Протести во Минск против кандидатурата на Лукашенко за шести мандат

Слободен печат

Во Грција основните училишта и градинките се отвораат од 1 јуни

Слободен печат

Манчевски: Ако нема избори на 21 јуни, тогаш мора да се продолжи вонредната состојба

Слободен печат

Се слави во Чаир: Оро за време на полициски час? (ВИДЕО)

Слободен печат