Никола Димитров и Филип Рикер наздравуваат со вино (ФОТО)

Фото: МИА

Филип Рикер, Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија кој е во дводневна посета на Битола, денеска се сретна со тамошната градоначалничка Наташа Петровска, а потоа и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров објави фотографија каде тој заедно со Рикер наздравува со чаша вино за ратификацијата за нашето членство во НАТО во Комитетот за надворешни односи во Сенатот на САД.

„Помина ратификацијата за нашето членство во НАТО во Комитетот за надворешни односи во Сенатот на САД. Наздравје со Филип Рикер за идното сојузништво!“, напиша Димитров на Фејсбук.

Фото: Фејсбук

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот