Никол Португалски провоцира: Дали пораките и фотографиите од нејзиниот Инстаграм се упатени кон Бред Пит?

Фото: Инстаграм

Пред неколку дена, Никол Португалски беше повторно видена во друштво на нејзиниот 41-годишен сопруг со кого има син. Сето ова фрли сомнеж врз љубовната врска помеѓу неа и Бред Пит. Прашањето е, што сакаше да каже 27-годишната манекенка со нејзините објави на Инстаграм?

Се пишуваше дека таа е лудо е вљубена во Бред Пит, а и тој во неа. Поради актерот, таа наводно му го свртела грбот на својот сопруг, 41-годишен угостител од Берлин, со кого има и седумгодишен син.

Фото:Профимедиа

Никол уживаше со холивудскиот шармер низ цела Европа, а последен пат се забавуваа во Прованса, каде Пит има луксузен имот и лозја.

Сепак, пред неколку дена започнаа шпекулациите дека на романсата помеѓу 56-годишниот актер и 27-годишната манекенка и дошол крајот. Едeн период Никол Португалски беше тивка на Инстаграм иако вообичаено е многу активна, а сега објави фотографија од неа и цитат.

„Флертувам со животот секој ден“, напиша таа под најновата фотографија која ја објави на нејзиниот Инстаграм профил на која и испраќа бакнеж. И на оваа фотографија, згодната германка со полско потекло неодоливо потсетува на руската манекенка Ирина Шајк.

Фото: Инстаграм

Пораката на атрактивната Никол го привлече вниманието на многумина, па затоа се обидуваат да го прочитаат скриеното значење.

Дали нејзиниот цитат значи дека не е подготвена за сериозна врска по бракот со многу постар сопруг? Дали мисли дека штотуку дошло нејзиното време за забава?

Фото: Инстаграм Стори- Принтскрин

Покрај тоа, таа објави и цитат на Инстаграм Стори во кој навести дека е повредена во однос на љубовта и дека тешко заборава кога некој ќе и нанесе неправда и болка.

Фото: Инстаграм

Во исто време, Бред Пит минува низ тешки денови пред последната постапка со неговата поранешна сопруга, во која се одлучува кој и во колкав процент ќе има старателство над нивните заеднички деца. Можеби поради сето ова тој едноставно реши да ја стави во мирување својата романса со Никол.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот