Никол Ман: Првата домородна Американка во вселената

Никол Ман/ Фото JOE MARINO / UPI / Profimedia

Американска астронаутка стана првата домородна Американка во вселената по најновото лансирање на НАСА, јави Би-Би-Си.

Поморскиот полковник Никол Ман (45) е една од четворицата астронаути кои од Меѓународната вселенска станица (ИСС) се упатија кон вселената.

Ман за Би-Би-Си изјави дека се надева дека мисијата ќе ги инспирира идните генерации на домородните Американци.

„Се надевам ќе ги инспирира младите домородци од Америка да ги следат своите соништа и да сфатат дека некои од тие бариери што се таму или порано биле таму сега се рушат“, рече таа.

„Секогаш кога можеме да направиме нешто што е прво или не било направено во минатото, тоа е многу важно“, додаде таа. „Тие ги имаат овие можности“.

Таа потекнува од племето Вилацки и има долгогодишно искуство во летање со различни авиони за американските маринци. Таа е наградена со шест медали за нејзината служба и била распоредена и во Ирак и во Авганистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот