9.2 C
Скопје

Никол Кидман проговори за последниците од снимањето психолошки трилери: Не знаев што е фикција, а што вистина

Интригите околу мини-серијата „The Undoing“ на „HBO“ во која главните улоги ги играат Никол Кидман и Хју Грант, не стивнуваат.

Откако многу гледачи се побунија дека некои ситуации во серијата се збунувачки и не се разјаснети целосно, неодамна Кидман откри дека поради снимањето на оваа серија дека имала проблеми со менталното здравје.

Оскаровката имала сериозни здравствени проблеми поради улогата на психотерапевтката, која дознава дека нејзиниот сопруг ја претепал до смрт својата љубовница. Актерката вели дека се чувствувала многу лошо и се борела со анксиозност.

Instagram
Instagram

Почнав да се прашувам која сум. Дури и физички се чувствував лошо… Мојот имунолошки систем не знаеше да направи разлика што е фикција, а што вистина. Сето тоа беше многу вознемирувачко за мене“, неодамна изјави Никол откривајќи дека серијата ѝ предизвикала проблеми со несоница и не можела да спие со денови.

Прочитајте и...  Која е тајната на највкусниот омлет?

Ова не е прв пат да ѝ се случи такво нешто. Холивудската актерка и во минатото имала проблеми да „излезе“ од улогата.

Instagram
Instagram

Со слични проблеми се справувала и за време на снимањето на „Big Little Lies“, во која имаше улога на злоставувана жена. Тогаш таа раскажа дека се бори со депресија која многу влијаела и на расположението на нејзиното семејство, музичарот Кит Урбан и нивните две ќерки Сандеј Роуз и Фејт Маргарет.

Instagram
Instagram

Познатата актерка, која 11 години беше во брак со актерот Том Круз, еднаш изјави дека нивниот заеднички филм „Eyes Wide Shut“ е заслужен за нејзините проблеми. Шест дена по снимањето на филмот, режисерот Стенли Кјубрик почина од срцев удар.

Прочитајте и...  „Мандалоријан“ е најсимнувана серија во 2020 година
Instagram
Кидман, Круз и Кјубрик за време на снимањето на „Eyes Wide Shut“ / Instagram

Ноќта пред да почине, требаше да му испратам факс, но поради некоја причина заборавив. Оттогаш паничам од звукот на телефон навечер. На тој начин дознав многу лоши работи, меѓу другото и за смртта на татко ми“, изјави Кидман.

 

Поврзани вести

Ликот од песната „Божа Пуб“ на Балашевиќ навистина постоел: Ова е легендата за Петар Божаниќ

Милена Ризовска

Секое утро се будела преморена, па ставила ноќна  камера: Се шокирала кога забележала две очи!

Слободен печат

Најздрави природни грицки: смеете да ги јадете во секое време

Слободен печат

Џорџ Клуни прв пат откри кој филм го снимил пијан

Слободен печат

Јагнешки бут со рузмарин

Слободен печат

Роденденска прослава: Сега знаеме од  кого  Ирина Шајк ја наследила убавината

Слободен печат

Остави Коментар