Никол Кидман призна дека поради семејството одбива улоги!

Profimedia

„Тој е прилично нервозен“, вака во кратки црти Никол Кидман го опиша својот сопруг, музичарот Кит Урбан кого го запозна во 2005 година. Судбоносната средба се случила на еден настан, после што на својот Харли Дејвисон мотор ја однел во Вудсток.

Таму овој музичар во потполност го освоил срцето на 52-годишната актерка, правејќи пикник во шумата и како што подоцна рекла актерката, тоа било тоа. Денес тие живеат во среќен и складен брак и имаат две ќерки, Сандеј Роуз (11) и Феит Маргрет (9), а на прво место во животот им е семејството.

Како што открила славната оскаровка, токму поради нив одбива многу филмски улоги, додавајќи дека понекогаш бира проекти кои се снимаат на источната обала во време кога девојчињата не одат на училиште или прифаќа споредни улоги за да може успешно да балансира помеѓу работата и семејството.

„Имаме разретчен систем за семејството секогаш да е заедно. Кога Кит не е на турнеја е многу поедноставно. Наредната година заминува на турнеја, а тогаш ја нема да работам и снимам премногу. Немаме одговори на се, но она што го знаеме е дека нема да си го загрозиме семејството“, вели таа.