Никол Кидман: Никогаш не реков „не“ на секс сцена

Фото:Инстаграм

Никол Кидман (53) има актерска кариера која трае со децении, во најразлични жанрови толкуваше секакви улоги. Некои од улогите на ѕвездата вклучуваа и голотија како и сексуални сцени, а најзабележителни беа во филмот на Стенли Кјубрик „Eyes Wide Shut“.

 

Instagram

 

Во еротскиот трилер, објавен во 1999 година, ја видовме Никол во целосни голи сцени, со тогашниот сопруг Том Круз.

 

Instagram

 

Никол во интервју за „New York Times“ проговори за голотијата на екран, објаснувајќи го уметничкиот приказ на камера.

 

Instagram

 

Тој едноставно рече „Ќе сакам целосна фронтална голотија“, а јас на тоа одговорив – Ахх, не знам. Но, дојдовме до одличен договор. Тој ми ги прикажуваше сцените со голотија пред тие да влезат во филмот. Само така можев да се чувствувам безбедна“, додава Кидман.

 

Instagram

 

Не реков „не“ на ништо. Сакав да се осигурам дека нема да стојам гола таму и сите да ми се смеат“, вели таа.

Актерката сподели дека секогаш се чувствувала „заштитена“ на снимање и дека може самоуверено да ги истражи сите аспекти на улогата без да го загрози чинот на раскажување.

 

Instagram

Најновата улога на Никол во минисеријата на „HBO“ – „The Undoing“ исто така содржи љубовни сцени. Станува збор за серија базирана на романот „You Should Have Known“ од Жан Ханф Корелитц од 2014 година, кој повторно ја обединува Никол со нејзиниот соработник Дејвид Е. Кели од серијата „The Big Little Lies“.

 

 

По првичното доцнење на драмата „The Undoing“ премиерно ќе се прикаже на 26 октомври.

Видео на денот