Никој нема да биде ниту близу до рекордот на Надал

Рафаел Надал на некој начин му е жал за Новак Ѓоковиќ/Фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Според Енди Мареј, рекордот на Рафаел Надал од 13 титули на грен слем турнирот „Ролан Гарос“ никогаш нема да биде соборен.

Шпанецот во неделата дојде до 13 трофеј во францускиот главен град Париз откако во големото финале го совлада првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ (Србија).

– Тоа е неверојатно достигнување. Не мислам дека некој ќе може да го направи тоа повторно, никој нема да биде ниту близу. На само еден турнир тој освои само една титула помалку од Пит Сампрас во кариерата на сите четири слема. Тоа е неверојатно – се зборовите на британскиот тенисер Мареј.

Надал воедно стигна и до 20 Грен слем титула во неговата кариера и се израмни со рекордот на Швајцарецот Рожер Федерер.

Моментно на АТП ранг листата води Ѓоковиќ со 11,740 поени, пред Надал (9,850), третопласиран е Доминик Тим од Австрија (9,125), а на четвртата позиција е Федерер (6,630).

Надал: Федерер е среќен кога ќе победам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот