Никој не знае каде е најскапата слика на светот: Продадена е за рекордни 450 милиони долари

Фото: Twitter

По аукцијата сликата никој не ја видел. Одредени критичари се сомневаат дека станува збор за фалсификат, додека други стравуваат дека би можела да биде оштетена или уништена.

Саудиски принц потрошил 450,3 милиони долари за портрет на Исус Христос, кој го насликал Леонардо да Винчи, на аукцијата одржана во Њујорк пред три години.
Магазинот „Тајм“ за сликата на Да Винчи „Salvator Mundi” („Спасител на светот“) напиша дека станала најскапо продадена слика било кога, а „Њујорк Тајмс“ напиша дека ја купил принцот Бадер бин Абдула бин Мохамад бин Фахран ал-Суд. Весникот до овој заклучок дошол врз основа на документите кои ги имал на увид.

„Вол стрит џурнал“ објави дека Бадер е само посредник за саудискиот престолонаследник Мохамад бин Салман, а за тоа тврдење наведени се повеќе извори, меѓу кои и од припадниците на американските разузнавачки служби.
Меѓутоа, по аукцијата никој не ја видел. Одредени критичари се сомневаат дека станува збор за фалсификат, додека други стравуваат дека би можела да биде оштетена или уништена. Идентитетот на купувачот дополнително подгреа разни теории.

Највисоката цена платена за уметничко дело на аукција е онаа за сликата на Пабло Пикасо „Алжирски жени“ (верзија „O“) – 179,4 милиони долари.

Највисока цена платена за некое уметничко дело е онаа за сликата „Размена“ на Вилем де Кунинг за 300 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот