Никој не веруваше во резултатот на мечот Холандија-Косово! (ФОТО) – Слободен печат
СпортФудбал

Никој не веруваше во резултатот на мечот Холандија-Косово! (ФОТО)

Навистина еден неверојатен резултат направи фудбалската репрезентација на Косово до 17 години во квалификацискиот натпревар за ЕП против Холандија.

Косово успеа да извлече еден бод (1:1), а неверојатна е статистиката која ја имаа фудбалските холандски надежи. Поведоа „лалињата“ уште во 10 минута и се најавуваше дека лесно ќе ја оправдаат фаворитската улога на теренот.

Имаа посед на топката од 90%, дури 21 шут кон противничкиот гол, но тоа не беше доволно да ја затресе уште повеќе косовската мрежа.

Казната изненадувачки стигна во 69 минута после една грешка на холандскиот холман за израмнување.

– Навистина сите шанси не ги реализиравме. Противникот како да „паркираше“ автобус и тоа играчи на 16 години. Едноставно не можевме повеќе да го најдеме патот до нивниот гол – беше разочаран холандскиот селектор, Миша Висер.

Има и една додатна шега која се врти низ социјалните мрежи, доколку ваков резултат имаше на една од ФИФА игрите, кој знае каде ќе завршеа конзолите за играње.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close