Никој не сака да ги купи предметите на Марадона, заработката од аукцијата е разочарувачка

Диего Марадона почина минатата година/ фото: EPA-EFE/EFE

На меѓународната акција која се одржа во Буено Аирес, понудените работи кои му припаѓаа на легендарниот аргентински фудбалер имаа вредност од 1.26 милиони евра, но продажбата помина катастрофално и се заработени само 23.000 евра.

На аукцијата беа ставени куќата на Марадона, два автомобили Бе-Ем-Ве, качкети, патики, дресови, кравати, а цените се движеа од 44 па се до 800.000 евра, но од продажбата се заработени само 23.000 евра, додека останатите предмети во вредност од 1.26 милиони евра останаа без купувачи.

Немаше заинтересирани купувачи за куќата на Марадона од 700 квадратни метри, како и стан од Мар дел Плата, исто како и за автомобилите Бе-Ем-Ве кои беа проценети на 150.000 и 200.000 евра.

– На аукциите до самиот крај не можете да го знаете исходот. Очекувавме многу повеќе, но за жал со аукциите нема загарантирана добивка – изјави аукционерот Адријан Меркадо.

Аукцијата ја организираше аргентинскиот суд, а заработената сума требаше да се искористи за плаќање на долговите и разни трошоци кои ги остави зад себе, славниот фудбалер кој почина минатата година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот