-2 C
Скопје

Никој не ја препозна Ријана: Го покри цело лице, но тетоважите ја издадоа!

Пејачката која е „тешка“ 600 милиони долари прошета по улиците на Лос Анџелес со капа од локалната противпожарна служба.

Американската пејачка, по потекло од Барбадос, Ријана (32) беше фотографирана додека излегуваше од ресторанот „Giorgio Baldi“ во Санта Моника, а по тој повод беше скоро непрепознатлива.

Имено, пејачката носеше капа од противпожарната служба во Лос Анџелес со која сакаше да го сокрие нејзините убави очи, додека остатокот од лицето го покри со заштитна маска, со цел да се заштити од коронавирусот.

Profimedia
Profimedia

Иако на почетокот никој не ја препознал, подоцна го привлеклa вниманието на папараците кои тргнаа по нејзините стапки. Ријана беше облечена во раскопчана маица и црвено палто, а по тој повод се гледаше нејзиниот стомак и длабокото деколте.

Ријана носеше светлосини фармерки и бели сандали, а фоторепортерите ја препознаа по препознатливите тетоважи што ги има меѓу градите и стапалата.

Пејачката видливо ослабе, па нејзината фигура сега изгледа фантастично како порано, а се чини дека „изгуби“ минимум 15 килограми, кои ги доби во последните две години.

Instagram
Instagram

Фановите ширум светот се воодушевени од тоа како изгледа пејачката сега и со нетрпение го чекаат нејзиниот нов музички албум. Да потсетиме, Ријана неодамна организираше модна ревија на интернет „Savage X Fenty Show“ која се емитуваше на платформата на Амазон „Prime Video“, а благодарение на продажбата на шминка и долна облека под нејзино име, таа во моментов е „тешка“ 600 милиони долари и е на списокот на најбогатите жени во светот.

Преземено од Еспресо.мк

Прочитајте и...  Виц на денот: Пијаници

Поврзани вести

Виц на денот: Пијаници

Слободен печат

Се сеќавате на момчето од „The Sixth Sense“? Видете како изгледа денес

Слободен Печат

Професор по имунологија: Една вакцина може да биде особено ефикасна во заштитата од новиот вид на коронавирусот

Слободен печат

Уникатно решение за бездомници во Германија: Капсули за спиење со соларно напојување

Слободен Печат

ФОТО: Лејди Гага и Полански се бакнуваат преку заштитни маска

Слободен печат

По аферата, гледаноста на шоуто на Елен Деџенерис нагло опадна: Дали Кели Кларксон ќе и го земе терминот?

Слободен печат

Остави Коментар