Никој како семејството Абе, два златни медали во ист ден

EPA-EFE/PETER KLAUNZER

Братот и сестрата Ута и Хифуми Абе го одбележаа вториот натпреварувачки ден во џудо на Олимписките игри во Токио. Братот и сестрата освоија два златни медали.
Прва до олимпиското злате дојде Ута Абе која славеше во категоријата до 52 килограми. Таа во финалето ја совлада Амандин Бушар од Франција и тоа со ипон и и го донесе третиот медал на Јапонија во џудо, а втор златен. Наохиса Такато славеше во категоријата до 60 килограми, додека Тонаки Фуна е поразена во финалето до 48 килограми.

Само половина час подоцна, Хифуми Абе стана олимписки шампион откако во финалето во категоријата до 66 килограми го совлада џудистот од Грузија, Маргвелашвили.

Најголемото изненадување на турнирот во џудо го приреди Унгарката Река Пуп која во првото коло ја победи актуелната олимписка шампионка Маљинда Кељменди од Косово, а потоа во битката за брозениот медал ја совлада Одет Џифриду од Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот