Никој како Мурињо, за 97 фудбалери дал 1.4 милијарди фунти

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Жозе Мурињо е еден од најдобрите тренери на денешницата кој во минатото имаше уште поголеми успеси. Португалецот со Порто и Интер триумфира во Лигата на шампионите, а трофеи освојуваше и со Челси, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Португалецот за време на својата 19 години долга кариера е тренерот кој потрошил највеќе пари за засилувања од сите тренери. Мурињо купил дури 97 фудбалери за кои платил неверојатни 1.4 милијарди фунти. Најскапиот фудбалер кој го купил е Пол Погба за кого на Јувентус му плати 89 милиони фунти.

На второто место се наоѓа сегашниот тренер на Елиф Елмас, Карло Анчелоти кој потрошил 1.11 милијарди фунти на 85 фудбалери додека беше тренер на Реџиана, Милан, Реал Мадрид, Челси, Баерн Минхен и сега на Наполи. Најскапа аквизиција на Анчелоти е Герет Бејл кој во 2013 година од Тотенхем во Реал Мадрид дојде за 86 милиони фунти.

На третото место се наоѓа менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола кој е најдарежлив. Тој има купено најмалку фудбалери но затоа потрошил нешто повеќе од една милијарда фунти. Најскапо засилување му е Родри кој летово од Атлетико Мадрид пристигна во Манчестер сити за 62.5 милиони фунти.

Мануел Пелегрини се наоѓа веднаш зад Гвардиола, а тој беше тренерот кој инсистираше Кристијано Роналдо да пристигне во Реал Мадрид во 2009 година. Роналдо за тогаш рекордни 80 милиони фунти од Манчестер јунајтед се пресели во Реал Мадрид. Исто така постави клупски рекорд во Манчестер сити кога го ангажира Кевин де Брујне од Челси за тогаш рекордни за Манчестер Сити, 55 милиони фунти.

На петтото место на тренери кои највеќе потрошиле за засилувања се наоѓа Масимилијано Алегри кој 16 години работи како тренер. Негово најголемо засилување му е Кристијано Роналдо за кого беа платени 98 милиони фунти, минатото лето кога од Реал Мадрид премина во Јувентус. Исто така Алегри го држи рекордот за трансфер помеѓу две екипи од Серија А, на негово инсистирање Јувентус плати 75.3 милиони фунти на Наполи за Гонзало Игуаин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот